Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Јувентус во вчерашното дерби на домашен терен го совлада Наполи со 4-3, а еден од стрелците на погодоците беше и Кристијано Роналдо.
„Старата дама“ водеше со 3-0 на половина час пред крајот, но потоа Наполи се врати и израмни на 3-3. Сепак, Калиду Кулибали во последните моменти од мечот постигна автогол и го реши мечот во корист на Јувентус.
Роналдо на контроверзен начин го славеше својот гол за 3-0 на асистенција на Даглас Коста, а денеска се поставува прашањето дали Португалецот ќе добие казна поради тоа што го „копираше“ ВАР-системот, кој му поништил гол против Парма поради неколку милиметри.
Lol that celebration tho ???
No VAR this time.???@Cristiano ??? pic.twitter.com/5HJnShpWuS— B3 (@b3naldo7) August 31, 2019