Роналдо му се воодушевува на Зидан: Интелегентен е и знае што треба да прави со екипата…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на Јувентус, Кристијано Роналдо изјави дека се воодушевува на неговиот бивши тренер, Зинедин Зидан кој ја предводи екипата на Реал.

Португалецот премина од Реал во Јувентус за 100 милиони евра, веднаш по заминувањето на Зидан, кој изминатиот месец се одлучи да се врати во кралскиот клуб.

„Зидан интелегентно управува со тимот. Секој играч во Реал сака да игра постојано и од позицијата на тренер тоа не е лесно да се одлучи. Тој знае да се носи со тимот и многу други работи“, истакна Роналдо за РМЦ Спорт.

Тие двајца во Реал соработуваа од 2016. до 2018. година, кога освоија три во низа трофеи во Лигата на шампионите, со тоа што Зидан во периодот од 2010. до 2014. година беше и помошен тренер.

Реал пред враќањето на Зидан ја загуби секоја шанса да освои трофеј до крајот на сезоната, за разлика од Јувентус кој е на добар пат да го одбрани Скудетото, а покрај тоа игра и во четвртфиналето во Лигата на шампионите против Ајакс.