Роналдо најави крај на кариерата


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Напаѓачот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, зборуваше за крајот на својата кариера по натпреварот на кој го постигна својот 970. гол.

Португалецот има 41 година, а во кратко интервју навести дека неговата кариера се ближи кон крајот.

Крајот на мојата кариера се приближува, да уживаме во секој натпревар. Продолжувам да играм не само за оваа генерација, туку и за претходната и за онаа што доаѓа. Уживам во тоа ден за ден, натпревар за натпревар, година за година, иако крајот се ближи. Тоа е факт“, рече Роналдо.