Роналдо одбил да носи беџ за најдобар индивидуалец на клубот


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Кристијано Роналдо беше прогласен за најдобар фудбалер во Серија А во минатата сезона, откако со Јувентус го освои Скудетото.

Најдобрите поединци од минатата сезона во натпреварувањето имаат право да носат посебен беџ на своите дресови.

Така Калиду Кулибали е избран за најдобар дефанзивец, а Сергеј Милинковиќ-Савиќ за најдобар фудбалер за врска, додека Фабио Кваљарела е прогласен за најдобар напаѓач.

Сите добитници на наградите решија на своите дресови да го носат беџот, освен Роналдо.

„Марка“ пишува дека Португалецот не сака да го носи беџот на својот дрес и тоа поради почит кон своите соиграчи.

Иако често го критикуваа дека е себичен, сепак фудбалерот на „Старата дама“ со овој потег го покажа токму спротивното.