Роналдо одбива да дојде во понеделник на доделувањето на Златната топка?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Според последните шпекулации кои се појавија овие денови Лионел Меси е фудбалерот кој ќе ја добие Златната топка оваа година, а Кристијано Роналдо нема во план да се појави на свечената церемонија која е закажана за во понеделник (2. декември).

Mundo Deportivo открива дека Лионел е најголемиот фаворит за освојување на шестата Ballon D’Or и се што остана е само официјално во понеделник да му се додели таа награда.

Меси наводно веќе е информиран дека тој официјално ќе биде прогласен за најдобар во 2019. година.  

Каталонските медиуми наголемо го „накитија“ Меси со оваа награда, но мора да се причека до понеделник и да се слушне конечната одлука.

Новинарот на Mundo Deportivo – Франческ Агилар исто така објави дека „потврдено“ е дека Меси ќе биде добитник на Златната Топка и дека организаторот е во проблем бидејќи Кристијано Роналдо одбива да присутствува на церемонијата.

Португалецот веќе знае дека нема да биде добитник на наградата, но уште повеќе е разочаран бидејќи тој дозна дека ќе биде на третата позиција бидејќи второто место ќе му припадне на Ван Дијк кој имаше одлична сезона во дресот на Ливерпул.