Роналдо по 22 години објасни зошто ја напушти Барселона и замина во Интер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роналдо беше најдобар фудбалер во светот, но две тешки повреди на коленото го запреа да постигне уште поголеми резултати.

Бразилецот како тинејџер се појави во ПСВ каде што воодушеви со неговите настапи, а тоа го искористи Барселона, која во 1996 година го купи за 15 милиони евра.

Неверојатниот Бразилец за Барселона одигра 49 меча и постигна 47 голови, па покажа за каков фудбалер станува збор.

Меѓутоа, Роналдо по само една сезона ги напушти Каталонците и ги шокраше сите. Тој потпиша за Интер за 28 милиони евра и постави трансфер-рекорд.

По 22 години Роналдо конечно кажа зошто заминал од Барселона и потпишал за Интер.

„Во Барселона не ме почитуваа доволно. По одличната сезона ми понудија договор со мала плата. Стигна понуда од Интер и јас ја прифатив. Таму покажаа колку ме почитуваат и ми го дадоа тоа што го сакам“, кажа Роналдо.