Роналдо по катастрофата: Горе главата! (Фото)


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, по нерешениот резултат со Демократска Република Конго, изјави дека неговата репрезентација не го започнала Светското првенство како што посакувала.

Фудбалерите на Португалија и Демократска Република Конго играа нерешено 1:1 во Хјустон, во натпреварот од првото коло на Групата К на Светското првенство.

Роналдо не зборуваше со новинарите по натпреварот, но се огласи на мрежата X.

„Не е ова почетокот што го посакувавме, но далеку сме од крај. Горе главата и фокус на следниот натпревар“, напиша 41-годишниот Роналдо, кој го одигра својот 229-ти натпревар за националниот тим.

Não era o arranque que queríamos, mas isto está longe de ter acabado. Cabeça levantada e foco no próximo jogo. pic.twitter.com/YoH3RQcz9z— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) 17 јуни 2026

.