Роналдо постави рекорд и испиша историја во С. Арабија


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо вчера стана единствениот играч во Саудиска Арабија кој постигнал 35 голови во една сезона, а притоа стана и најдобар голгетер во четири различни лиги.

Роналдо постигна два гола на последниот меч и стигна до бројката од 35 погодоци, а со тоа го урна рекордот во Саудиска Арабија.

„Јас не ги следам рекордите, тие ме следат мене“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.