Роналдо постави светски рекорд: Ова ме прави горд!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кристијано Роналдо беше човекот кој направи целосен пресврт за Португалија против Република Ирска (2-1).

Напаѓачот на Манчестер јунајтед постигна голови во 89. и 96. минута и така ѝ донесе победа на својата репрезентација.

Со овие голови Роналдо испиша историја во светскиот фудбал и стана најдобар стрелец во репрезентативните натпревари откако го премина Али Дае.

Роналдо сега има 111 голови од 180 одиграни натпревари, па така го остави Дае зад себе со 109 погодоци.

„Од сите рекорди кои ги урнав во кариерата, а беа неколку, овој за мене е посебен и ме прави горд“, кажа Роналдо.

Португалецот ќе игра за националниот тим уште најмалку една година, па така сигурно бројката ќе се зголеми дополнително.