Роналдо предложил, Ањели прифатил: Во 2020 година во Јувентус стигнува спектакуларно засилување

Медиумите во Италија пишуваат дека Јувентус веќе ја готви трансфер листата за летниот преоден рок.

Наводно, Кристијано Роналдо имал состанок со претседателот на клубот, Андреа Ањели и дал согласност за да се донесе Пол Погба.

Раководството на клубот на чело со Ањели и Паратичи ќе тргне по Пол Погба со сите сили, а за да го обезбеди неговиот потпис веројатно ќе вклучи и некој од актуелните фудбалери на „старата дама“.