Роналдо сака плата која ќе направи хаос во Манчестер сити!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо сака да замине од Јувентус, а како негова следна можна дестинација се споменува Манчестер сити.

Манчестер сити треба да плати околу 25-30 милиони евра за услугите на Роналдо, но поголем проблем би можела да претставува платата која ја побарал португалскиот играч.

Роналдо, наводно, побарал плата од 510.000 фунти и така ќе стане рекордер во Премиерлигата, односно најплатен фудбалер и ќе ги надмине Кевин де Брајне и останатите играчи на „Итихад“.

Меѓутоа, ова би предизвикало хаос во актуелниот англиски шампион, а англиските медуми сметаат и дека тоа ќе избрка некои ѕвезди од екипата.

Сега на потег е Манчестер сити, а трансферот мора да се договори брзо бидејќи преодниот рок трае уште четири дена.