Роналдо се расплака по промашениот пенал против Словенија (Видео)


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо промаши пенал во продолженијата во дуелот против Словенија, по што победникот се решаваше на пенали.

Роналдо се расплака по промашениот пенал за неговата татковина, па мораше да добие утеха од неговите соиграчи на теренот.

Ѕвездата на Ал Наср, сепак, погоди во пенал-рулетот и им се извини на навивачите за промашениот дел во дополнителното време.

„Ова се моменти кои тешко се објаснуваат. Моите солзи? Дури и најдобрите имаат вакви денови, бев тажен поради промашениот пенал затоа што на Португалија ѝ требаше гол“, кажа Роналдо.