Роналдо седнува на маса со челниците на Јувентус по интернационалната пауза, познато за што ќе разговараат

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Кристијано Роналдо ќе се сретне со спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи и потпретседателот, Павел Недвед на средба закажана по интернационалната пауза.

На оваа средба ќе се разговара за незадоволството на Португалецот во Торино и за потегот кој го направил на натпреварот против Милан.

Имено, Роналдо беше изваден од игра во 55. минута од натпреварот и наводно го напуштил стадионот пред последниот судиски свиреж.

Се очекува на овој состанок да бидат „спуштени копјата“  и да се изнајде најдобро решение за двете страни.