Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баерн Минхен го совлада ПСЖ и вторпат во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), а по натпреварот Томас Милер реши да се пошегува на сметка на Лионел Меси.
Меси не успеа со својата магија да го израдува ПСЖ, па Милер вели дека секогаш им е полесно да играат против Аргентинецот.
„За нас, Роналдо секогаш беше проблематичен додека играше за Реал Мадрид. Со Меси секогаш лесно победуваме“, кажа Милер.
Баварскиот гигант има осум меча против тимовите на Роналдо и притоа загубил пет пати, а Португалецот постигнал дури девет голови.