Роналдо си оди дома: Франција ја „нокаутира“ Португалија на ЕП


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Победникот од дуелот меѓу Португалија и Франција се решаваше на пенали, откако по 120 минути игра резултатот беше 0-0, додека при изведување на удари од белата точка триумфираа „триколорите“.

Првото полувреме не понуди големи возбудувања, но затоа вторите 45 минути беа поинтересни со многу шанси на двете страни.

Резултатот не се промени во регуларните 90 минути, ниту во дополнителните 30, па во пенал-рулетот промаши Жоао Феликс и ја растажи Португалија.

Франција во полуфинале ќе игра против Шпанија на 9 јули од 21 часот.