Роналдо со хит-изјава: Мислев дека на 35 години ќе бидам рибар…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е убеден дека може да ја освои титулата со Јувентус во Лигата на шампиони. Португалецот е во одлична форма сезонава, па во 27 меча во сите натпреварувања постигна 22 голови.

„Старата дама“ во осминафиналето ќе игра против Лион, а Роналдо се надева на нови успеси со италијанскиот гигант.

„Верувам дека може да го освоиме трофејот. Знам дека ќе биде тешко, но ние сме добар тим. Мора да направиме чекор понатаму. Како дете мислев дека во овие години ќе бидам рибар. Од секогаш сакав да бидам фудбалер, но никогаш не можев да замислам дека ќе освојам толку многу трофеи во кариерата“, вели најголемата ѕвезда на Јувентус.