Роналдо со легендарана изјава: Тарибо Вест прво беше пет години постар од мене, потоа бевме иста генерација


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Бразилец, Луис Назарио Де Лима Роналдо се сети на еден урнебесен момент поврзан со Тарибо Вест.

За Нигериецот има безброј приказни, но никој не знае колку години има точна. Некои велат дека има 46, а некои тврдат дека има 57 години.

Вест во Интер играше со легендарниот Бразилец, Роналдо кој во вклучувањето во живо со Виери на социјалните мрежи сега даде една интересна изјава за Нигериецот.

„Има една анегдота од младите категории. Игравме против Нигерија до 20 години, а ние тогаш имавме 15 години. Беа пет години постари од нас и беа пресилни, тие веќе беа возрасни. Ги разменивме копачките со Тарибо, а подоцна кога бевме заедно во Интер тој беше иста генерација како мене. Не се знае колку години има Тарибо“ –изјави Роналдо.