„Росонерите“ ги почнаа преговорите: Пристигнува фудбалерот на француски Марсеј…?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што пренесуваат француските медиуми, Милан наскоро би можел да го донесе фудбалерот на Марсеј.

Францускиот репрезентативец и фудбалер на Марсеј, Флоријан Тован наскоро би можел да стане и фудбалер на Милан.

„Франс Фудбал“ пишува дека Милан е блиску до договор со Тован, а напаѓачот би можел да го напушти клубот за околу 30-40 милиони евра.

Тој има договор до 2020. година што Марсеј не го става толку во добра преговарачка ситуација, па во Милан се надеваат дека би можеле да ја спуштат цената на овој фудбалер.

Оваа сезона, Флоријан Тован има 15 погодоци, запиша и 9 асистенции во 33 меча за Марсеј.

Изминатата сезона беше еден од најдобрите играчи на тимот кога клубот стигна до финалето во Лига Европа, а и оваа го предводи тимот со фантастични партии и нема сомнеж дека би им бил од помош на милан следната сезона.