Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Антонио Рудигер има зад себе сезона полна со проблеми со повреди, но германскиот репрезентативец денес не го крие своето задоволство. Од кампот на репрезентацијата на Германија во САД отворено зборуваше за останувањето во Реал Мадрид, новиот договор, доаѓањето на Жозе Мурињо и можните засилувања за Кралскиот клуб.
Искусниот стопер призна дека никогаш не размислувал за заминување од Мадрид, иако имал тежок период минатата сезона.
„Минатата сезона беше многу тешка, особено физички. Долго време се борев со повреди, но успеав да се вратам. Мадрид практично е мојот дом. Моето семејство таму се чувствува одлично и поради тоа никогаш не размислував за заминување.”
Откри и што му беше најголемата мотивација во текот на закрепнувањето.
„Сакав само да се вратам во најдобра форма и да добијам нов договор. И успеав во тоа.”
















