Рудигер: Моите колеги во Реал Мадрид дознаа дека сум целосно луд!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер даде интервју за шпанските медиуми и зборуваше за неговите импресии во новиот клуб каде што пристигна летово како слободен играч.

Рудигер кажа дека неговите први месеци во Мадрид се одлични, а исто така се забавува со новите соиграчи.

„Моите први месеци во Мадрид не можеа да бидат подобри. Резултатите беа одлични, се забавуваме со колегите. Но, ако сум искрен, ниту еден друг тим не ми помогне да се прилагодам толку брзо. Дел од моите колеги ме викаат Антонио, а другите Руди. Како и да е, сите дознаа дека сум целосно луд“, кажа Рудигер.

Рудигер, исто така, кажа дека Тони Крос е еден од фудбалерите кои најмногу го изненадиле во тимот.