Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Германскиот репрезентативец Антонио Рудригер од следното лето ќе биде слободен фудбалер, доколку претходно не го продолжи договорот со европскиот шампион Челси.
Дефанзивецот почнал преговори со „сините“ за да ја продолжи соработката, но информациите на англиските медиуми се дека последната понуда на гигантот не е доволна за да го убеди да остане.
Реал Мадрид се споменува како идна дестинација на Германецот, затоа што е подготвен да ги прифати финансиските барања на Рудигер бидејќи ќе го добие целосно бесплатно.
„Кралевите“, наводно, биле подготвени да му понудат цело богатство на Рудигер, односно плата од 20 милиони евра годишно.