Рудигер призна: Намерно правев грешки во Челси!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германскиот дефанзивец Антонио Рудигер летово го засили Реал Мадрид како слободен агент, откако му заврши договорот со Челси.

Рудигер даде интервју за медиумите во кое кажа дека е среќен во Мадрид, а притоа зборуваше и за периодот поминат во Лондон и призна дека намерно правел грешки.

„Ќе бидам искрен и ќе кажам дека направив неколку грешки за да ги разбудам луѓето на стадионот и да направам атмосфера затоа што беше премногу тивко“, вели Рудигер.

Германецот мислеше на натпреварот против Њукасл, кој се одигра во март, а му припадна на лондонскиот гигант со 1-0.