Румениге: Јас сум шокиран!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Карл-Хајнц Румениге е директор на Баерн од 2002. година, а тој ќе ја напушти позицијата на крајот на јануари 2021. година, кога му истекува договорот.

Пред неколку дена, претседателот на Германската фудбалска федерација ги критикуваше богатите фудбалери, велејќи дека во сегашната состојба мора да бидат поскромни.

„Богатите фудбалери кои ги покажуваат своите пари треба да бидат поскромни“, рече претседателот за „Шпигел“.

Коментирајќи ја изјавата, Румениге во интервју за Скај дека е шокиран и дека ДФБ треба да се грижи за други работи.

„Јас сум шокиран. Овие се популистички изјави. ДФБ треба повеќе да се грижи кон други работи“, рече шефот на Баерн.

После двомесечна пауза, Баерн го одигра првиот официјален натпревар. Баварците го победија Унион Берлин без никакви проблеми со 0:2.