Руни почна да прави сериозни глупости на теренот (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Ди-Си јунајтед, Вејн Руни направи голема глупост, откако на мечот против Њујорк Ред Бул го удри противничкиот фудбалер Кристијан Касерес и судијата му покажа директен црвен картон.

Руни сега го очекува сериозна казна, па јасно е дека ќе биде суспендиран на најмалку два натпревари поради потегот, а постои шанса и за многу поголема казна.

Да потсетиме, Руни наскоро ќе ја напушти МЛС-лигата, откако потпиша договор со Дерби каунти и ќе стане член на англискиот клуб од јануари.

Таму ќе има улога на фудбалер-менаџер, но сигурно нема таму да толерираат слични работи како оваа.