Руни предвиде дали Рајс ќе се прослави во Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед и еден од најдобрите фудбалери во историјата на Премиерлигата смета дека Деклан Рајс ќе биде големо засилување за Арсенал.

„Топчиите“ летово го ангажираа Рајс од Вест хем, а Руни вели дека тренерот Микел Артета добил фудбалер од светска класа.

„Мислам дека Арсенал доби големо засилување. Рајс е одличен фудбалер, има извонреден менталитет и е многу млад. Арсенал доби играч кој е во врвна форма и сметам дека ќе придонесе за уште поголем карактер во соблекувалната“, кажа Руни.