Руни сака да ја заврши кариерата во Јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Агентот на Вејн Руни, Пол Стритфорд денеска изјави дека Вејн Руни, капитенот на црвените ѓаволи сака својата кариера да ја заврши во Манчестер Јунајтед доколку клубот од Манчестер сеуште го сака и смета на Руни.

Руни во 2014 потпиша нов договор со Јунајтед со кој што заработува 300 илјади фунти неделно и тој договор важи до јуни 2019 година.

Потпишувањето на нов договор на Руни со Јунајтед не ги сопре шпекулациите за можно заминување на Руни од клубот каде што ги помина најдобрите фудбалски години.
Руни минатото лето беше на мета на богатите клубови од кинеската лига како и од МЛС.

Но агентот на Руни давајќи интервју за еден од англиските портали истакна дека неговиот клиент е среќен во Јунајтед и дека тој има желба кариерата да ја заврши во Манчестер доколку и клубот го сака тоа.

Стритфорд вели: „Најдобрите играчи кои најдобро се истакнуваат на теренот секогаш ќе бидат поврзувани со трансфери во други клубови“.

„Има шпекулации, но Руни е решен да остане во Јунајтед“, додаде Стритфорд.