Руни за потегот на Мбапе: Поголемо его кај фудбалер не сум видел во животов!


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Килијан Мбапе ги изнервира сите во ПСЖ со неговото однесување, а вистински скандал предизвика на натпреварот против Монпелје кога при една акција одби да трча, а потоа го турна Лионел Меси.

Мбапе се изнервира затоа што не доби шанса да го изведе вториот пенал кој беше изнуден од Нејмар, а ова однесување на Французинот на сите им оди на нерви.

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и Евертон, Вејн Руни реши јавно да го критикува младиот француски напаѓач.

„Дете од 22-23 години го удира Меси со рамо. Никогаш не сум видел поголемо его кај фудбалер. Некојт реба на Мбапе да му каже дека на негов години Меси имаше четири ‘Златни топки’“, кажа Руни.