Русите го признале голот на Роналдо против Србија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Португалците беа оштетени во мечот против Србија (2-2), откако на Кристијано Роналдо му беше поништен чист погодок во судиското надополнување.

Меѓутоа, една руска обложувалница го призна голот на Роналдо и тоа дека Португалија успеала да победи. Обложувалница од Москва реши на сите да им даде пари кои се обложиле дека Португалците ќе победат.

Исто така, го признале погодокот на Португалецот во овој натпревар. Така европските прваци барем некаде дојдоа до победа во Белград, но тоа секако е мала утеха за Роналдо, кој со сигурност и натаму не може да се помири со судбината.