Руската фудбалска федерација ја продолжи паузата


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Руската фудбалска федерација ја продолжи паузата за фудбал до 31. мај.

Првично, првенството требаше да започне до 10. април, но поради моменталната состојба со коронавирусот, тоа не е можно.

Руската лига беше единствена со Турција која не запра кога започна пандемијата на коронавирусот, но сè беше брзо запрено.

Првично беше планирана едномесечна пауза, но сега фудбалерите ќе го продолжат одморот.

Досега во Русија се заразени околу три илјади луѓе, со 24 мртви.