Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рускиот претседател Владимир Путин даде наредба за делумна мобилизација, а тоа ги опфати и фудбалерите кои играат за репрезентацијата.
Репрезентативците од полицијата биле распрашувани за нивниот воен статус, способност за служење војска и воени книшки.
Портпаролот на руската репрезентација, Јегор Кретсан кажа дека на фудбалерите им биле поставувани стандардни прашања, но тоа се случувало со сите мажи.
„Ова се тешки времиња. Мислите не ми беа фудбалски. Полицијата прашуваше дали сме служеле во војска и слично. Тоа е неочекувано, но тоа е нивна работа“, кажа Баринов.
Наводно, веќе биле повикани и фудбалери од пониските лиги за да се јават на мобилизацијата на Русија.