Рустемовски: Не знам што гледаа судиите… (ВИДЕО)


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот боксер Ален Рустемовски не успеа да се пласира во финалето, откако беше поразен во полуфиналната борба. Сепак, од македонската делегација сметаат дека одлуките на судиите имале големо влијание врз исходот и дека Рустемовски бил оштетен при бодувањето.

По мечот, македонскиот боксер не го криеше своето разочарување од начинот на кој беше оценета неговата борба. Тој е убеден дека прикажал доволно за да стигне до победа и пласман во големото финале.

„Дефинитивно мислам дека требаше да победам. Дури и со сигурна разлика од 5-0. Меѓутоа, не знам како бодуваа и што гледаа судиите на овој меч“, изјави Рустемовски.