Сагата е готова: Кармело Антони потпиша за Портланд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сагата од година дена околу продолжување на својата кариера на еден од најдобрите НБА стрелци на новата доба – Кармело Антони е готова.

Трикратниот носач на златниот олимписки медал практично од почетокот на минатата сезона остана без клуб кога испадна од ростерот на Хјустон Рокетс кое гордо го најавува триото Харден – Пол – Антони, но Кармело многу брзо падна во немилост на Мајк Д‘Антонио и испадна од тимот.

Во меѓувреме секој клуб во НБА се поврзуваше со доведување на популарниот Кармело, а најмногу се пишуваше дека ќе заврши во Лејкерс. На крајот, Портланд беа тие кои ризикуваа и го земаа овој фантастичен стрелец до крајот на сезоната. Договорот е незагарантиран што значи дека тимот може да го раскине во било кој момент и тоа на штета на играчот.

Блејзерси ќе бидат петтиот клуб во кариерата на десетократниот Ол Стар кошаркар роден во 1985 година, а останува прашањето како Кармело ќе се вклопи во тимот кој на надворешните позиции има веќе два врвни стрелци – Лилард и МекКолум.