Саинц бара од Ферари да биде решена неговата судбина!

Шпанскиот возач Карлос Саинц побарал од Ферари да биде решена неговата иднина пред почетокот на следната година

Саинц пристигна пред две години во Ферари, по што имаше солидни настапи и доби договор до 2024 година.

Во медиумите се појавија шпекулации дека Ферари размислува за ангажман на Луис Хамилтон, па иднината на Саинц е загрозена и затоа Шпанецот бара решение.

„Не би сакал да откријам која е мојата стратегија во поглед на преговорите. Не мора веднаш да биде решена мојата позиција, но тоа треба да се случи пред почетокот на следната сезона“, кажа Саинц.