Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Возачот на Ферари, Карлос Саинц сè уште има договор со италијанскиот тим и кажа дека шпекулациите за неговата иднина се глупост бидејќи не планира да замине.
Шпанецот му се приклучи на Ферари во 2021 година, а оваа сезона има подобри резултати од неговиот тимски колега Шарл Леклер.
„Имам договор на уште две сезони и не размислувам за друг тим. Чувствувам дека имам уште многу да докажам. Мојата иднина е поврзана со Ферари и сакам да ја освојам титулата. Тоа е мојот сон“, кажа Саинц.
Саинц во моментов е петти во шампионатот со 44 бодови, односно 75 бода помалку од Макс Ферстапен.