Саинц: Моето заминување од Ферари не е трагедија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот возач Карлос Саинц ја вози последната сезона за Ферари бидејќи од 2025 година ќе го замени седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон.

Саинц смета дека не е трагедија неговото заминување од Ферари, туку е мотивиран да им покаже дека може да има добри резултати со кои ќе се препорача на останатите тимови.

„На крајот во Ферари ќе ме заменат со седумкратен шампион. Не го гледам тоа како трагедија. Среќен сум затоа што овие три години ги поминав во Ферари. Сакам да имам добра година со Ферари, да победиме и се надевам дека може да се бориме за шампионската титула“, кажа Саинц.

Првата трка во новата сезона се вози на 2 март за Големата награда на Бахреин.