„Сакам да имам дриблинг како Роналдо, но тој треба да ми биде љубоморен!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вечерва се игра еден од најинтересните дуели во нокаут-фазата на Европското првенство (ЕП), а тоа е мечот меѓу Белгија и Португалија, а во центар на внимание се Ромелу Лукаку и Кристијано Роналдо, кои се најголеми ѕвезди на турнирот.

Лукаку зборуваше за медиумите пред нивната пресметка, па го пофали неговиот ривал од екипата на Јувентус, но потоа кажа дека може да му биде љубоморен поради некои делови од играта.

„Роналдо има неверојатни рекорди кои не може никој да ги урне. Секоја чест. Би сакал да имам таков удар и дриблинг како него, но тој треба да ми биде љубоморен на физичката сила и завршница“, вели Лукаку.

Во досегашниот дел од ЕП, Роналдо е подобар бидејќи постигна пет гола, додека Лукаку застана на бројката од четири погодоци.