Сакам да се докажам и во Англија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалски тренер, Пеп Гвардиола беше и официјално поставен како нов тренер на Манчестер и во таа прилика истакна дека би сакал да се докаже и во Премиер лигата.

“Се докажав во Барселона, се докажав во Германија, сега сакам да се докажам и во Англија. Сакам луѓето кои уживаат во фудбалот да бидат горди на тоа како Сити како игра. Не можам тоа да го направам сам, потребни ми се навивачите, без нив тоа е невозможно”- изјави Гвардиола пред околу 6.000 навивачи на Сити.

Шпанецот истакна дека приоритет ќе му биде тимскиот дух.

“Прво и основно е тимскиот дух, потоа можеме да размислуваме за тактиката. Прво морам да ги запознаам своите фудбалери. Имам идеја, но ќе ми биде потребно време”- додаде Шпанецот.