Салах го изненади Ливерпул: Ако не му исполнат некои услови, ќе си замине!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако Ван Дајк, Хендерсон и Трент Александар-Арнолд потпишаа нови договори со Ливерпул, сега премиерлигашот сака да потпише нова соработка и со Салах.

Египќанецот нема ништо против, но барањата на Салах се луди и ги изненадија главните луѓе на поранешниот англиски шампион.

Англиските медиуми пишуваат дека фудбалерот бара плата од пола милион фунти неделно, односно околу 28 милиони годишно и тоа би бил најголемиот договор во историјата на Ливерпул.

Најплатениот играч во моментов е Ван Дајк, кој зема 220.000 фунти, а доколку Салах потпише нов договор, тоа ќе значи дека ќе зема плата два ипол пати поголема од него.

Салах има актуелен договор до 2023 година и постои интерес за него, но ретко кој би можел да ги исполни неговите луди барања.