Салах го постигна голот на сезоната и ги фрли во транс сите присутни на „Енфилд“ (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Екипата на Ливерпул 50 минути се мачеше да го најде патот до мрежата на Челси, а потоа во само две минути постигна два погодоци преку Садио Мане и Мохамед Салах.

Првиот гол на Мане падна по една извонредна акција на фудбалерите на Ливерпул, додека вториот погодок беше вистинска мајсторија на Мо Салах. Египќанецот постигна гол кој со сигурност ќе конкурира за гол на сезоната во Премиер лигата оваа година.