Салах: Го сакам Реал Мадрид во финале на ЛШ!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ливерпул е прв финалист во Лигата на шампиони (ЛШ), откако го елиминираше Виљареал од натпреварувањето, па така ќе се соочи во борбата за титулата против подобриот од мечот меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити.

„Граѓаните“ во првиот меч победија со 4-3, а реваншот се игра вечерва во Мадрид, додека пред него Мохамед Салах кажа дека во финале го чека шпанскиот гигант.

Египќанецот не го заборава поразот во финалето во2 018 година, кога мораше да го напушти мечот во 31. минута по груб старт на Серхио Рамос.

„Сакам да играм во финале против Реал Мадрид. Сити е добар тим, но ако ме прашате мене лично, јас сакам да му се одмаздам на Реал“, кажа Салах.

Финалето во елитното натпреварување ќе се одигра на 28 мај.