„Салах може без Ливерпул, но премиерлигашот ќе има проблем без него“


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Мохамед Салах планира да го напушти премиерлигашот Ливерпул затоа што не му бил понуден договор, а како негова следна дестинација се споменува Италија.

Легендарниот англиски фудбалер Роби Севиџ во колумна за „Мирор“ посочи дека Ливерпул има потреба од Салах.

„Салах може без Ливерпул, но Ливерпул ќе има проблем без него. Да бев на местото на Мохамед, ќе почекав до крај на сезоната за да донесам конечна одлука. Салах е еден од најдобрите фудбалери во историјата“, вели Севиџ.