Салах не може да преболи: Би ги менувал сите награди за реприза на финалето во ЛШ!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах кажа дека би ги менувал сите индивидуални награди кои ги освои сезонава за можноста повторно да одигра финале во Лигата на шампиони (ЛШ) против Реал Мадрид.

Англискиот гигант беше поразен со 0-1 во битката за трофејот во елитното клупско напреварување, а голот за победа го постигна Винисиус Жуниор.

Салах беше прогласен за плејмејкер на сезоната во Премиерлигата, а ја подели и „Златната копачка“, затоа што имаше ист број голови со Хеунг-мин Сон од Тотенхем.

„Нема да заборавам дека добив награди од новинарите и навивачите. Сепак, би ги менувал сите признанија за шансата повторно да одиграм финале во Лигата на шампиони“, кажа Салах.