„Салах не заслужува место во првиот тим на Ливерпул“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џон Олдриџ кажа дека Мохамед Салах не заслужува место во првиот тим на Ливерпул во моментов.

Салах е на праг да потпише нов договор со премиерлигашот и да добие плата од 600.000 евра неделно, а Олдриџ кажа дека Египќанецот не е во најдобра форма и затоа не заслужува толку пари.

„Ако ја погледнеме неговата форма, Салах не треба да биде во првиот тим на Ливерпул. Без разлика за колку голема легенда станува збор, во моментов не игра доволно добро. Луѓето ќе кажат дека можеби размислува за нов договор и затоа не е фокусиран на теренот, сепак тоа не е добар изговор“, објаснува Салах.