Салах се премисли: Египќанецот бараше 30 милиони евра, но ќе прифати помалку?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека репрезентативецот на Египет, Мохамед Салах ќе потпише нов договор со Ливерпул.

Салах во една фаза од преговорите бараше годишна плата од 30 милиони евра по сезона, но се согласи на седум помалку, односно 23 милиони.

Клубот ќе му понуди тригодишен договор, со опција да биде продолжен за уште една сезона, па така 29-годишниот напаѓач би можел да ја заврши кариерата на „Енфилд“.

Салах пристигна во Ливерпул во 2017 година за 42 милиони евра од Рома, а досега за премиерлигашот одигра 240 меча и притоа постигна 153 голови и 57 асистенции.

Египќанецот заедно со Ливерпул ја освои Лигата на шампиони (ЛШ) во 2019 година, а една година подоцна беа најдобри во Премиерлигата.