Салах се сели во клуб кој следната година сака да освои сè!

Англискиот медиум „Сан“ објави нова вест која непријатно ќе ги изненади навивачите на Ливерпул, па така по Садио Мане, би можел да си замине и Мохамед Салах.

Преговорите меѓу Салах и Ливерпул одамна не се одвиваат како што се очекува, затоа што премиерлигашот не сака да му даде плата од 400.000 евра.

Ливерпул, наводно, е подготвен да го продаде Салах за 70 милиони евра, а Реал Мадрид е еден од заинтересираните тимови за Египќанецот.

Без оглед на тоа што Салах нема најдобри односи со дел од фудбалерите, сепак Реал е подготвен да го купи.

Салах сака да му се одмазди на Реал Мадрид поради поразите во финалињата на Лигата на шампиони, но на крајот би можел дури и да му се приклучи на тимот.