Салах стана рекордер на Ливерпул во Премиерлигата!

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах успеа да стигна до најбрзо за својот тим до постигнатите 50 голови во Премиерлигата. Пред него во историјата биле побрзи Руд Ван Нистелрој и Алан Ширер.

Египќанецот успеа да стигне до неверојатната бројка за само 69 натпревари и стана дел од традицијата на Ливерпул и лигата, која во ваков вид постои од 90-те години.

Салах против Сутемптон го постигна вториот гол за својот тим во 80. минута и тогаш го реши мечот, којз аврши 3-1. Освен тоа, ја прекина лошата серија без постигнат погодок.

Пред голот против Саутемптон, Салах дури 55 денови не успеа да постигне гол, па по вчерашниот погодок кажа дека е среќен и горд.