Салцбург го „закачи“ Ливерпул поради „украдените“ фудбалери: Кој е следен? (ФОТО)


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Ливерпул сезонава игра во фантастична форма, па се наоѓа на одличен пат да ја освои титулата во Премиерлигата и конечно да го прекине долгиот пост, а не може да се пожалат ниту во Лигата на шампиони, каде што играат многу добро.

„Црвените“, и покрај одличните настапи, решија да се засилуваат и веќе го договорија првиот фудбалер за во јануари, а станува збор за Такуми Минамино од Салцбург.

Со оглед на тоа дека во последните четири години во Ливерпул се преселија три фудбалери, кои настапуваа во Салцбург, тие на Твитер решија да го „закачаат“ англискиот гигант.

Салцбург објави фотографија на која се гледаат тројца фудбалери, кои се веќе во Ливерпул, како и две празни места за 2022 и 2024 година.