Салихамиџиќ му се налути на Левандовски поради трансферот во Барселона


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Барселона го претстави Роберт Левандовски како ново засилување за кое му плати 45 милиони евра на Баерн Минхен.

Каталонскиот гигант со недели се обидуваше да го реализира трансферот, а Левандовски јавно зборуваше дека сака да замине и му треба нов предизвик во кариерата.

Спортскиот директор на германскиот шампион, Хасан Салихамиџиќ кажа дека нема разбирање за таквото однесување на Полјакот, па кажа дека такво нешто никогаш не направил во неговата кариера.

„Немам разбирање за однесувањето на Левандовски. Додека активно се занимавав со фудбал, секој потпишан договор го одработував до крај. Да бев на негово место, ќе останев до крајот на договорот, а проблемите ќе ги решевме меѓу нас“, кажа Салихамиџиќ.