Салихамиџиќ одговори на критиките по елиминацијата на Баерн Минхен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан добија жестоки критики од навивачите на Баерн Минхен по елиминацијата од Манчестер сити во Лигата на шампиони.

Салихамиџиќ и Кан ги налутија навивачите затоа што го отпуштија Јулијан Нагелсман во важен дел од сезоната, а екипата има ужасни резултати по доаѓањето на Томас Тухел.

„Правиме сè за клубот и се трудиме тоа да биде најдобро. Секако, мора да живеете со критиките затоа што резултатите сè уште ги нема. Мораме да постигнуваме повеќе голови. Ќе ја анализираме ситуацијата и на лето со стручниот штаб ќе купиме нови засилувања“, кажа Салихамиџиќ.