Самир Насри му се приклучи на Компани и ќе игра за Андерлехт


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Контроверзниот француски фудбалер, Самир Насри следната сезона ќе ја помине во редовите на Андерлехт.

Играчот од средниот ред се договори со белгискиот тим на едногодишна соработка со можност истата да биде продолжена за уште една сезона.

Последен клуб на Насри е Вест Хем во кој одигра сосема солидна полусезона откако пристигна во јануари исто така како слободен агент.